Како што пренесуваат шпанските медиуми Милан е силно заинтересиран за наѓачот на Барселона, Мемфис Депај.
Депај минатото лето се пресели на „Камп Ноу“ како слободен играч и одлично се вклопи во тимот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, каталонскиот клуб има големи финансиски проблеми и не ја исклучува можноста да го продаде Холанѓанецот, особено поради фактот што го донесе без обештетување.
Наводно Барселона е спремна да прифати понуда од 30 милиони евра, а Милан е спремен да ја плати таа сума.
„Росонерите“ на крајот на сезоната ќе бараат замена за Ибрахимовиќ и веруваат дека Депај идеално ќе се вклопи во тимот на Пиоли.
📰 @fichajesnet: Barcelona weighing up sale of Depay for profit – #ACMilan among Italian teams interestedhttps://t.co/xYGnfV1s7d #SempreMilan
— SempreMilan (@SempreMilanCom) January 12, 2022