Дома Трансфер зона Барселона го продава играчот кој го доведе минатата година?

Барселона го продава играчот кој го доведе минатата година?

Франк Кеси (26) летото 2022 година како слободен играч пристигна во Барселона откако му истече договорот со Милан каде што помина пет години.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Играчот од Брегот на Слоновата Коска запиша 38 натпревари за каталонскиот клуб, а во главно е резерва кај Чави Хернандез. Поради тоа „Спорт“ пишува дека Барселона би можела да го продаде на крајот на оваа сезона.

На доаѓањето на Кеси не е потрошено пари што значи дека со негова продажба ќе заработат. Според „Трансфермаркт“ тој вреди 28 милиони евра. „Спорт“ пишува дека раководството на клубот размислувало и за продажба на Андрес Кристенсен, но Чави порачал дека сака да го задржи данскиот стопер.

Од друга страна за Кеси нема важна улога и многу често тој не беше во првите 11 и кога Френки Де Јонг и Педри беа отсутни. Барселона за засилување во средниот ред покажала интерес за Илкај Гундоган.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…