Барселона и Лајпциг го договорија трансферот на Дани Олмо и се најавуваше дека утре ќе биде претставен како нов фудбалер на каталонскиот гигант, но неговото претставување е откажано.
Долго траеа преговорите помеѓу Лајпциг и Барселона, а пред неколку дена конечно се беше договорено.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Шпанскиот новинар Жерар Ромеро објави дека добил проврени информации дека претставувањето на Олмо е откажано и тоа нема да се случи утре.
Се уште не е познато што се случува и зошто клубот го откажа претставувањето. Навивачите сепак не се загрижени и веруваат дека станувало збор само организациски припреми и се шпекулира дека тоа ќе се случи во понеделник на еден ден пред мечот против Монако во „Гампер“ купот.