Дома Трансфер зона Барселона го договорила Рафиња, познато и за колку

Барселона го договорила Рафиња, познато и за колку

Бразилскиот фудбалер Рафиња е блиску до преселба во Барселона, иако претходно Челси се договори со Лидс за да го откупи, но играчот не сакаше да потпише за поранешниот европски и англиски шампион.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Желбата на Рафиња е да игра за Барселона, па каталонскиот гигант договорил трансфер од 72 милиони евр и Бразилецот наскоро ќе потпише за Каталонците.

Рафиња игра на идентична позиција како и Осман Дембеле, па тренерот Чави Ернандез ќе има голем избор за нападот, но ќе мора на еден да му даде предност.

Чави доби одличен тим за следната сезона, откако претходно ги ангажираше Франк Кеси и Андреас Кристенсен, а се водат преговори и за Роберт Левандовски и Цезар Аспиликуета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…