Дома Топ вести Барселона го договорила Мбапе, но се одлучиле да го купат Дембеле

Барселона го договорила Мбапе, но се одлучиле да го купат Дембеле

Синот на познатиот фудбалски агент Жосеп Марија Мингеа, откри дека Барселона во 2017 година била на чекор од реализација на трансферот на Килијан Мбапе.

На крајот сепак Каталонците се одлучиле да го купат Осман Дембеле, за кого платија 105 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Тоа моѓам да го потврдам. Дури еден од директорите потврди, па ова не е никаква новост. Мојот татко ми соопшти дека Нејмар постигнал договор со ПСЖ и дека се сели во Париз. Тоа беше момент во кој поради бонус во договорот, Нејмар се уште немаше потврдено дека заминува. Барселона рече дека не сака да прави ништо додека Нејмар не си замине“, изјави синот на агентот.

„Кога Нејмар замина клубот бараше негова замена. Тие го договорија трансферот со Монако за 130 милиони евра, но потоа директорите одлучија дека е многу подобро да го купат Дембеле, и така се случи. Мбапе исто така имаше договор со Барса, требаше да зема 10 милиони евра плата која со бонуси можеше да достигне до 16 милиони“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…