Дома Топ вести Барселона ги прекина сите врски со Севиља!

Барселона ги прекина сите врски со Севиља!

Службите за односи со јавноста на Барселона и Севиља вчера имаат полни раце работа. Освен што овие два клуба играа од 21.00 часот во натпреварот од осмото коло на шпанската фудбалска „Ла Лига“, претходно се случуваше вистинска војна.

Прво, Севиља објави дека нејзините челници нема да бидат во свечената ложа на стадионот Монжуик, кој Барселона го користи за домашни натпревари за време на реновирањето на „Камп Ноу“ и дека не биле ниту на заеднички ручек.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Севиља преку соопштение за медиумите остро ја критикуваше Барселона за „случајот Негреира“, односно судските обвинувања за поткуп.

Одговорот не мораше долго да се чека, а каталонскиот гигант објави дека ги раскинува сите врски со Севиља.

– ФК Барселона сака јавно да го изрази своето отфрлање на неоправданиот и непримерен напад на Севиља, клуб кој денеска одби да седне на маса на заедничкиот ручек меѓу директорите пред вечерашниот натпревар. Покрај тоа, клубот од Андалузија испрати соопштение до јавноста во кое изразува „огорченост и отфрлање за постапките на поранешните челници на ФК Барселона обвинети во случајот „Негреира“ и најавува отсуство од ложата на денешниот натпревар“, стоеше во соопштението на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Победи на Белградскиот маратон, за малку ќе поставеше и рекорд – па се сруши на патеката!

Кениецот Гилберт Кимплетинг Чумба победи на Белградскиот маратон кој се одржа денес со вре…