Дома Топ вести Барселона ги замрзна односите со Реал Мадрид

Барселона ги замрзна односите со Реал Мадрид

Барселона реши да ги прекине сите односи со големиот ривал Реал Мадрид, кој најави дека ќе делува против каталонскиот гигант во аферата за исплаќање пари на поранешниот член на судиската комисија, Енрике Негреира.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пред „Ел Класико“ кое ќе се одигра следниот викенд, каталонскиот клуб одлучи да ги „замрзне“ сите односи со големиот ривал, па е откажан и заедничкиот ручен на двајцата претседатели.

„Традиционалниот ручек меѓу двајцата претседатели е откажан. Барселона одлучи да го направи тоа. Односот меѓу двата клуба повеќе не е ист откако Реал реши да дејствува против Барселона во случајот со Негреиро“, пренесуваат каталонските медиуми.

Во меѓувреме, обвинителството на Шпанија и официјално отвори процес протув Барселона за поткуп и корупција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мундијалот и останатите најголеми спортски настани во иднина ќе ги слушаме на македонски јазик! (Видео)

Пред љубителите на спортот во Македонија од денеска е достапен нов телевизиски проект, отк…