Екипата на Барселона покрај негативата од првиот натпревар во реваншот не ќе може да смета на услугите на еден од своите најдобри фудбалери.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Капитенот на Барселона, Андрес Иниеста поради болки во мускулот го пропушти последниот тренинг пред реваншот против Реал Мадрид, а ќе го пропушти и вториот натпревар од Суперкупот на Шпанија.
Иниеста кон средината на второто полувреме во првиот натпревар беше заменет од Серхио Роберто, а токму тој се очекува да биде играчот кој ќе го замени во Мадрид.
Освен Иниеста надвор од тимот поради повреди во Барселона се Вермален, Рафиња и Андре Гомеш.
Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Барселона на програмата е во среда со почеток во 23:00 часот, а Зидан во овој натпревар ќе ја брани предност од 3:1 стекната во првиот натпревар.