Дома Фудбал Барселона веќе му должи пари на Баерн за Левандовски

Барселона веќе му должи пари на Баерн за Левандовски

Големиот број голови на Роберт Левандовски за Барселона се одлична вест за тимот, но тоа негативно ќе се одрази на клупската каса.

Во четвртокот против Манчестер Јунајтед, Левандовски го постигна својот 25 гол, а тоа значи дека ќе се активира една клаузула во договорот кој Барселона го има со Баерн Минхен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Радио „Каталонија“ пренесува дека поради тоа Барселона сега на Баерн мора да му исплати сума 1.25 милиони евра.

Во договорот има уште неколку клаузули од кои најбрзо се очекува исполнување на онаа за бројот на постигнати голови, а и за трофеите што може да се освојат до крајот на сезоната и се очекува во јуни Барселона на Баварците да им должи дополнителни 3,75 милиони евра.

Левандовски на Камп Ноу дојде во текот на летниот преоден рок и за него Барселона плати обештетување од 45 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразил на Копа Америка без три големи ѕвезди

Селекторот на Бразил, Доривал Жуниор го објави списокот за Копа Америка, иако до почетокот…