Дома Фудбал Барселона бара Ла Лига да го промени правилото поради Иниеста

Барселона бара Ла Лига да го промени правилото поради Иниеста

Фудбалерите на Барселона веќе во наредниот викенд на гостински терен против Депортиво Ла Коруња би можеле да ја обезбедат титулата шампион на Шпанија, потребен им е само еден бод.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На Барса и е потребен еден бод за и математички да ја обезбеди титулата, а во Каталонија се надеваат дека тоа ќе се случи веќе во наредното коло против Депортиво, клуб кој со едната нога веќе е во втората лига. Барса неодамна го освои шпанскиот куп, па така со двојна круна ќе се прости од Андрес Иниеста.

Иниеста иначе најави дека на крајот од сезоната најверојатно ќе ја напушти Барселона. Поради тоа каталонскиот клуб ќе бара од луѓето во Ла Лига да направат исклучок во правилата кога станува збор за прославата на титулата, односно доделувањето на пехарот.

Имено, вообичаено трофејот се доделува во првиот натпревар од новата сезона. Сепак, од Барса најавија дека ќе побараат трофејот да биде донесен на „Ноу Камп“ во последниот натпревар од оваа сезона со цел клубот на вистински начин да се прости од Иниеста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер не завршува со Џонс како засилување, сакаат и крило на Арсенал!

Интер има за цел да остане на самото врв на Италија, но и напад на Лигата на шампионите, и…