Дома Фудбал Италија Барса ја разби Борусија, Лукаку и Мартинез ја уништија Славија, Елмас доби десет минути против Ливерпул (ВИДЕО)

Барса ја разби Борусија, Лукаку и Мартинез ја уништија Славија, Елмас доби десет минути против Ливерпул (ВИДЕО)

Вечерва се играа натпревари од 5-тото коло во Лигата на шампионите.

Барселона на свој терен без поголем ипроблеми беше подбра од Борусија Дортмунд. После полвина час игра Барса го отвори резултатот против „милионерите“ и тоа преку Луис Суарез кој погоди после асистенција од Меси. Само четири минути подоцна Меси самиот се запиша во листата на стрелци. Борусија беше 34. клуб против кој Меси постигнал гол во Лигата на шампионите со што стана рекордер во ова натпреварување.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нов гол Барселона постигна во 67. Минута преку Антоан Гризман, додека Борусија десетина минути подоцна постигна почесен гол преку Џадон Санчо. Со овој триумф Барселона го обезбедува првото место, додека Борусија и Интер имаа по седум. Славија е последна со два.

Интер денес ја победи Славија со 3:1. Славија и денес изгуби, но повторно прикажаа добра игра иако тоа резултатот не го покажува. Лаутаро отвори во 19. минута после асистенцијата на Лукаку. По голот на Интер Славија заигра многу подобро, а после една ВАР драма добија пенал преку кој го изедначија резултатот.

Вториот дел донесе интересен фудбал имаше шанси и на двете страна. Домаќините попуштија во самиот финиш. Лукаку после еден кикс во одбраната на Славија погодува за 1:2. Седум минути подоцна одново проработе тандемот Лукаку – Мартинез и повторно Лукаку беше асистентот Мартинез стрелец. Интер преку Лукаку во последните секунди постигна и четврти гол, меѓутоа ВАР го поништи поради офсајд. Тоа беше втор гол на Лукаку на овој натпревар кој ВАР го поништува.

Во уште еден натпревар кој вечерва привлекуваше внимание Ливерпул и Наполи одиграа 1:1. Наполи прв стигна до предност во 21.минута со голот на Мертенс, а Ливерпул изедначи во 65. преку Ловрен. Елиф Елмас од Анчелоти денес доби десетина минути, во игра влезе во 81. минута.

Останати резултати:

Генк – Салзбург 1:4

Лил – Ајакс 0:2

Лајпциг – Бенфика 2:2

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…