Каталонски „Спорт“ пренесува дека Барселона се договорила со Бразилецот Артур и во јануари ќе ја плати откупната клаузула од 50 милиони евра.
Станува збор за одличен играч за врска и еден од најзаслужните што Гремио ја освои Копа Либертадорес.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Има само 21 година и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а на „Камп Ноу“ сметаат дека ќе биде идеална замена за Иниеста.
За него интерес покажаа неколку европски клубови, но „Спорт“ пренесува дека Артур ја избрал Барселона која е спремна да ја плати откупната клаузула од 50 милиони евра.
Спортскиот директор на Каталонците, Роберт Фернандез наредната недела ќе отпатува во Бразил да го комплетира трансферот.
Валверде ќе добие уште еден играч за врска, а доаѓањето на Артур најверојатно ќе значи заминување на Арда Туран и Андре Гомеш.