Барселона и официјално го продаде десниот бек Нелсон Семедо во Вулверхемптон за 35 милиони евра.
Според „Ел Чирингито“, каталонскиот клуб ќе ги искористи средствата од продажбата на Португалецот за да го купи напаѓачот Мемфис Депај од Лион.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пред десетина дена, претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу се пожали дека финансиската состојба во клубот не дозволува да бид екупен Депај, па поради тоа Каталонците мораа прво да продадат некој фудбалер.
Покрај продажбата на Семедо клубот се ослободи од големите плати на Видал и Суарез, па сега ќе има финансиски средства да го реализира трансферот на Депај кој ќе изнесува помеѓу 25 и 30 милиони евра.
Куман сака да го донесе Депај и во него гледа идеален наследник на Луис Суарез, бидејќи сака да го игра како централен напаѓач.