Дома Трансфер зона Барса се засилува од ПСЖ без пари

Барса се засилува од ПСЖ без пари

Барселона е заинтересирана за дефанзивецот на ПСЖ, Хуан Бернат, пренесуваат каталонските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на 27-годишниот лев бек истекува на крајот на сезоната и до овој момент нема најави за продолжување на соработката со „светците“.

Барселона е спремна да ја искористи таквата ситуација и да го донесе Бернат без обештетување на лето.

Каталонците се во потрага по квалитетен лев бек, кој може да биде алтернатива за Алба и веруваат дека Бернат ќе биде идеално засилување.

Шпанецот има големо интернационално искуство и моментално е во најдобрите фудбалски години, па Барса ќе добие големо засилување без пари.

Притоа, доколку пристигне Бернат ќе биде продаден Жуниор Фирпо, а парите ќе бидат инвестирани за засилување на други позиции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…