Дома Трансфер зона Барса се вклучи во трката за Алдервајлед

Барса се вклучи во трката за Алдервајлед

Повредите на Самуел Умтити и Томас Вермален го вклучија црвениот аларм во Барселона, па каталонскиот клуб едноставно мора да донесе засилување во одбраната.

Англиските медиуми тврдат дека Барселона се вклучила во траката за стоперот на Тотенхем, Тоби Алдервајлед. Белгиецот кој уште во летото беше цел на Манчестер Јунајтед би можел да ја промени средината во јануари.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Алдервајлед има договор со „спарси“ до крајот на годината, но одбива да ја продолжи соработката. Тотенхем може автоматски да му го продолжи договорот на уште една година, но во тој случај се активира откупна клаузула според која Белгиецот може да си замине за 25 милиони фунти.

Тоа значи дека ако некој од заинтересираните клубови достави примамлива понуда во јануари, Тотенхем ќе се согласи да го продаде дефанзивецот.

Барселона внимателно ја следи ситуацијата, а со оглад на фактот што приоритет за клубот е да донесе врвен дефанзивец, не е исклучена можноста да започне преговори уште во наредните недели.

https://youtu.be/VKvXSf7cXuI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан го сака братот од ѕвездата на Интер

Милан покажува сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат ита…