Дома Топ вести Барса прави трампа со Сити за да биде поблиску до потписот на Лаутаро

Барса прави трампа со Сити за да биде поблиску до потписот на Лаутаро

Барселона планира да му предложи на Манчестер Сити трампа на двајца португалски дефанзивеци, пренесуваат шпанските медиуми.

Станува збор за Нелсон Семедо, кој веќе неколку години е член на Барселона, но Каталонците се спремни да го испратат на „Етихад“, а за возврат да го добијат потписот на Жоао Кансело.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Семедо пристигна во Барселона во 2017 година, но до сега не успеа да обезбеди стандардно место во стартниот тим, па Каталонците ова лето ќе бараат негова замена.

Гвардиола веќе дал „зелено светло“ за оваа трампа бидејќи не смета повеќе на Кансело, кој пристигна на „Етихад“ минатото лето.

Кансело би можел да остане во Барселона, но Каталонците би можеле да го испратат во Интер како дел од договорот за Лаутаро Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …