Дома Трансфер зона Барса новото засилување го испраќа на позајмица во Милан?

Барса новото засилување го испраќа на позајмица во Милан?

milan

„Росонерите“ би можеле да добијат големо засилување во средниот ред.

Како што пренесуваат италијанските медиуми повикувајќи се на свои извори од Шпанија, Милан наредното лето би можел да добие засилување во период од две години од редовите на Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, познато е дека Барса е блиску до договор со фудбалерот на Гремио, Артур.

Овој трансфер би требало да се реализира на лето, сепак Каталонците веќе имаа тројца играчи кои немаат пасош од ЕУ, додека Милан има право секоја година да ангажира двајца фудбалери кои немаат пасош од Европската Унија.

Така Артур после потпишувањето на договорот со Барселона би можел веднаш да биде испратен во Милано каде што би настапувал како позајмен фудбалер на две години.

„Росонерите“ за оваа позајмица на 22 годишниот фудбалер за врска би требало да уплатат сума од пет милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан ја плаќа клаузулата за Гираси

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси го привлече вниманието на многу европски клубови, а на…