Дома Фудбал Барса може да го промени името на „Ноу Камп“: Се преговара за договор „тежок“ 400 милиони евра!

Барса може да го промени името на „Ноу Камп“: Се преговара за договор „тежок“ 400 милиони евра!

camp nou

Барселона е еден од ретките клубови кој никогаш не го променил името на својот стадион, но во време на спонзорите и огромните понуди се потешко им е да одолеат на понудите.

До пред неколку години Барселона беше клуб кој на предната страна на дресот никогаш не ставила име на спонзор, но кога пристигнаа понуди кои не се одбиваат работите се променија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Слична е ситуацијата и со името на стадионот „Камп Ноу“.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона преговара со комшанијата „Грифолс“ која би можела да биде еден од новите спонзори на Барселона. Преговорите се водат околу името на стадионот, а доколку дојде до договор стадионот на Барселона би се викал „Камп Ноу Грифолс“.

Доколку дојде до соработка помеѓу Барселона и оваа компанија тогаш каталонскиот клуб ќе заработува околу 20 милиони евра, а соработката би траела 20 години. Барса за тој период би инкасирала 400 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…