Дома Трансфер зона Барса може да го изгуби Гави без обештетување

Барса може да го изгуби Гави без обештетување

Барселона потпиша нов договор со Гави, но шпанската Ла Лига одби да го регистрира со објаснување дека немаат доволно место во буџетот за плати за новите примања на фудбалерот.

Лигата одби да го ратификува новиот договор на 18-годишникот поради тешката финансиска состојба на клубот. 


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот интернационалец ќе продолжи да игра со актуелниот договор како јуниор, според кој заработува многу малку пари.

Меѓутоа, најголем проблем за Барселона претставува фактот што на Гави на крајот на сезоната му истекува договорот, па може да си замине како слободен агент.

Ситуацијата будно ја следат клубовите од Премиер лигата, пред се Ливерпул и Манчестер Сити кои сакаат да ја искористат ситуацијата и му нудат многу повисока плата на младиот Шпанец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…