Каталонците повторно ја активираа приказната.
Како што пишуваат англиските медиуми, фудбалскиот клуб Барселона на зима повторно ќе се обиде да го доведе играчот на Манчестер Јунајтед, Андер Ерера.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наводно, Ернесто Валверде побарал од клубот засилување во средниот ред, а мета е неговиот миленик со кого соработуваше во Атлетик Билбао пред да се пресели во Манчестер Јунајтед. Ерера беше во втор план на стартот од сезоната, но сега повторно е на првото место во составот, бидејќи се повредени Погба и Фелаини.
Изгледа дека на Барса најмалку потребно им е засилување во средниот ред, но сепак изгледа дека Валверде не смета сериозно на неколку играчи. Арда Туран е одамна отпишан, Рафиња исто така би можел да си оди кога ќе се врати од повредата, а не е задоволен ниту од Андре Гомеш.
Ќе видиме дали Ерера ќе биде дополнителна конкуренција за Иниеста, Паулињо, бидејќи Роберто повторно е десен бек, додека Денис Суарез игра како крило.