Дома Топ вести Барса и Јувентус спремаат спектакуларна трампа: Дибала се сели на „Камп Ноу“

Барса и Јувентус спремаат спектакуларна трампа: Дибала се сели на „Камп Ноу“

Поради финансиската ситуација предизвикана од пандемијата, ова лето на трансфер пазарот ќе бидеме сведоци на многу трампи помеѓу клубовите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона и Јувентус веќе подолго време се во преговори за трампа во која ќе бидат вклучени Миралем Пјаниќ и Артур Мело, но во моментов Бразилецот ја „кочи“ таа размена.

„Калчомеркато“ денес пренесува дека двата клуба почнале да разговараат за спектакуларна трампа според која Пауло Дибала ќе заврши на „Камп Ноу“.

Имено, Барселона за потписот на Аргентинецот е спремна да ги понуди Филипе Кутињо, Иван Ракитиќ и Артуро Видал.

Дибала игра фантастична сезона и Јувентус сака да го задржи, но преговорите за нов договор се во застој бидејќи Аргентинецот има високи финансиски барања.

Поради тоа Јувентус сериозно размислува да ја прифати понудата на Каталонците, а ако се реализира оваа трампа сигурно ќе биде една од најспектакуларните размени во поновата историја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…