Откако им беше намалена санкцијата од УЕФА, претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез веќе почна да го планира летниот преоден рок кој ќе биде во „кралски“ стил.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Еден од трансфер приоритетите ќе биде играчот за врска на Борусија Дортмунд, Јулијан Вигл. Медиумите тврдат дека „кралевите“ веќе имале состанок со неговиот агент и работат на трансферот.
Вигл неодамна го продолжи договорот со „милионерите“, но Бирусија тешко дека ќе може да одолее на нападите на европските гиганти. Реал наводно е спремен да ја плати бараната сума за потписот на играчот, а Дортмунд за неговата слобода бара 50 милиони евра.
21-годишниот Германец важи за еден од најголемите таленти во Европа и сигурно би бил идеално засилување за средниот ред на Зидан, но за него интрес покажува и Барселона.
Млад е, физички моќен, технички одличен, со добар преглед на игра, па затоа медиумите уште го наредкуваат и „новиот Бускетс“.
Медиумите тврдат дека двата шпански гиганти на лето ќе водат голема битка за потписот на младиот Германец.