Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид и Барселона следното лето ќе водат голема битка за бекот на Реал Сосиедад, Алваро Одриозола.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Барселона ова лето на таа позиција го донесе Нелсон Семедо од Бенфика, но Каталонците не се во целост задоволни од тоа што го прикажува и сметаат дека Одриозола ќе биде транјно решение за десната бековска позаиција.
Одриозола игра фантастична сезона во Реал Сосиедад, а дополнителна предност е што е поливалентен играч, па подеднакво добро може да игра и на крилната позиција.
Меѓутоа, Барселона нема да може лесно да дојде до неговиот потпис бидејќи за него силен интерес покажува и Реал Мадрид.
Поради тоа шпанските медиуми најавуваат дека Одриозола ќе биде жешка трансфер тема следното лето и дека ќе се игра „Ел Класико“ за неговиот потпис.
Одриозола од неодамна е шпански репрезентативец, а Сосиедад сигурно за неговата слобода ќе бара околу 40 милиони евра.