Покрај купувањето на докажани фудбалски имиња, Пари Сент Жермен и Барселона насочуваат големо внимание и кон младите таленти.
Француските медиуми откриваат дека шампионите на Франција и Шпанија ќе водат битка ова лето за потписите на два големи таленти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Едниот е Билел Хасани од Нанси, кој е офанзивен играч за врска и игра за младата репрезентација на Франција до 18 години. Другиот е 17-годишниот јапонски талент Такефуса Кубо кој моментално настапува за ФК Токио и игра како напаѓач.
Јапонецот веќе беше во школата на Каталонците, но треба да замине поради проблемите со трансферите на малолетни фудбалери, за што Барселона и беше казнета.
Што се однесува до Хасни, тој е полнолетен и се уште нема потпишано професионален договор. Двата клуба веќе се во преговори и доставиле понуди до неговиот агент. Во овој момент ПСЖ се смета како фаворит за неговиот потпис.