Дома Фудбал Барса и Меси започнуваат преговори за нов договор

Барса и Меси започнуваат преговори за нов договор

Претседателот на Барселона, Жосеп Бартомеу сака што поскоро да го продолжи договорот на Лионел Меси, кој истекува во 2021 година.

Шпанските медиуми и информираат дека следната недела двете страни за прв пат ќе седнат на преговарачка маса.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бартомеу сакаше да ги започне преговорите порано оваа сезона, но поради различни причини средбата се одлагаше.

Не се очекува брзо да се реши прашањето на новиот договор. Се очекува преговорите да траат неколку месеци, но желбата на двете страни е да ја продолат соработката.

Меси овој месец ќе наполни 33 години, но јасно е дека може уште неколку сезони да игра на највисоко ниво.

Должината на договорот нема да биде проблем, но треба да се договорат финансиските детали, бидејќи Меси е најплатен фудбалер во светот и годишно заработува 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чаби Алонсо донесе одлука: Еве кој клуб ќе го предводи во следната сезона

ЧАБИ АЛОНСО и следната сезона ќе остане тренер на Баер Леверкузен, објави Фабрицио Романо,…