Дома Топ вести Барса испрати интересна понуда до Меси, се чека одговор

Барса испрати интересна понуда до Меси, се чека одговор

Еминентниот шпански новинар Гијем Балаге открива дека раководството на Барселона подготвило понуда до Лео Меси со вел да го задржи на „Камп Ноу“.

Практично со новата понуда претседателот Бартомеу му дава можност на Меси да замине како слободен играч, но следното лето. Клубот му нуди договор до 2022 година, со тоа што следната година до 10 јуни Меси ќе може да ја искористи клаузулата и да замине без обештетување.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Таква клаузула Меси има и во актуелниот договор и сака да ја активира, но од клубот се категирични дека таа истекла во јуни и не сакаат да го пуштат без пари.

Тешко дека Меси ќе ја прифати оваа понуда бидејќи неговите адвокати веќе работат на тоа да го раскинат договорот со оглед на фактот дека поради пандемијата сезоната за Барса траеше до 14 август.

Бартомеу ја претставил својата понуда во исчекување на средбата која ќе ја има со таткото на Меси, а во меѓувреме Лео одбива ги исполнува своите обврски кон клубот и не се појави на тренинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Анчелоти откри каква е повредата на Мбапе

Килијан Мбапе го постигна првиот гол за Реал Мадрид во победата над Аталанта 3:2 во шестио…