Каталонските медиуми денес потврдија – Барселона донесе конечна одлука да го врати Жерар Делуфеу на „Камп Ноу“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Делуфеу ќе биде првото летно засилување за Барселона, откако Каталонците одлучија да ја активираат откупната клаузула и да го вратат за 12 милиони евра.
Шпанецот во првиот дел од сезоната воопшто не добиваше шанса во Евртон и замина на позајмица во Милан, каде блесна и заработи повик за шпанската репрезентација.
Барса има можност да го врати на „Камп Ноу“ за само 12 милиони евра и сигурно ќе го направи тоа бидејќи неговата цена сега е многу поголема после одличните настапи во Серија А.
Сепак, неговото останување на „Камп Ноу“ ќе зависи од новиот тренер, а медиумите тврдат дека Каталонците можат да го продадат за да заработат.
Приоритет при продажбата секако ќе има Милан кој е спремен да плати помеѓу 18 и 20 милиони евра за да го задржи Делуфеу на „Сан Сиро“.