Младиот играч за врска на холандски Гронинген, Лудовиг Реис би можел да ја засили Барселона.
Каталонскиот клуб активно работи на засилувањата за следната сезона, а како што пренесуваат тамошните медиуми следна аквизиција би можел да биде и 18-годишниот Реис.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Играчот за врска со словачко потекло оваа година за Гронинген одигра 25 натпревари и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Наводно Барселона реагирала најбрзо и нивниот спортски директор Бакеро во неколку наврати разговарал со челниците на холандскиот клуб.
Каталонските медиуми пренесуваат дека трансферот е пред реализација, но финансиските детали од трансферот се уште не се познати.
Потсетуваме, Барселона неодамна за 75 милиони евра го комплетираше трансферот на Френки де Јонг од Ајакс, а блиску до трансфер на „Камп Ноу“ е и 19-годишниот дефанзивец Матијас де Лихт.
Барселона активно работи на подмладување на тимот за следната сезона, но се уште не е познато дали 18-годишниот Реис веднаш ќе биде дел од првиот тим, или најправо ќе игра во Барселона Б.
Постои оција и една сезона да биде позајмен во друг шпански клуб, а потоа да се врати во Барселона следното лето.
https://youtu.be/avreGHaF8oQ