Дома Трансфер зона Барса го продава Умтити и тргнува по Скриниар

Барса го продава Умтити и тргнува по Скриниар

Барселона е спремна да го продаде Самуел Умтити ова лето, но само ако успее да го осигури потписот на Милан Скриниар од Интер, пишува „Мундо Депортиво“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Каталонците покажуваат сериозен интерес кон словачкиот дефанзивец и ќе се обидат да го купат ова лето, можеби во „пакет“ со Лаутаро Мартинез, кој е примарна трансфер цел на клубот од „Камп Ноу“.

Умтити веќе подолго време се поврзува со трансфер во Барселона. Французинот во последно време често е повреден, па поради тоа тој оваа сезона запиша само 16 настапи, а минатата сезона ја пропушти готово цела.

Каталонците сакаат да го предложат Умтити на Интер во замена за Скриниар, но „нероаѕурите“ не сакаат таква трампа. Поради тоа Барса е спремна да слушне понуди за Французинот, а интерес за него покажуваат неколку клубови од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…