Каталонските медиуми пренесуваат дека се „крчка“ најголемиот трансфер во зимскиот преоден рок во кој ќе бидат вклучени три клуба и двајца фудбалери.
Имено, Барселона е во потрага по напаѓач кој ќе може да биде замена за Луис Саурез и првата желба е Родриго од Валенсија, чија цена изнесува 60 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Каталонците во соработката со супер-агентот Жорге Мендеш смислиле интересна стратегија како да дојдат до Родриго. Имено, Барселона е спремна да го купи Бруно Фернандеш од Спортиг Лисабон за сума од 60 милиони евра.
Притоа, Каталонците ќе го отстапат Португалецот на Валенсија и ќе ја плаќаат неговата плата до крајот на сезоната, а за возврат ќе го добијат Родриго за помалку од 60 милиони евра.
Ваквата трансфер операција им одговара на сите бидејќи Валенсија ќе добие екстра квалитетн фудбалер до крајот на сезоната и голема заработка од трансферот на Родриго.
Напаѓачот денес не тренираше со остатокот од тимот на Валенсија, а според последните информации се наоѓа во Барселона и чека да биде комплетирана целата трансфер операција за да ги мине лекарските прегледи.
Manchester United target Bruno Fernandes could now be on the verge of signing for Barcelona and loaned straight to Valencia for the rest of the season, as part of the Rodrigo deal. (Source: Super Deporte) pic.twitter.com/o139IAwJJg
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 28, 2020