Дома Фудбал Барса во моментите на криза во Ла Лига го добива вистинскиот наследник на Чави Ернандез

Барса во моментите на криза во Ла Лига го добива вистинскиот наследник на Чави Ернандез

artur

Вчера со дербито помеѓу Валенсија и Барселона на „Месталја“ беше комплетирано осмото коло во Ла Лига.

Натпреварот заврши без победник 1:1. Поведе Валенсија уште во 2-та минута преку Гарај, но Меси ги врати работите на почетокот во 23-тата минута.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона така ја продолжи негативната низа во домашното првенство каде што веќе четири натпревари не знае за победа, но навивачите на Каталонците имаат барем една причина да бидат задоволни.

Имено, во натпреварот против Валенсија повторно одлични одигра Артур Мело кој имаше 142 додавања од кои 135 беа точни. Тоа не му успеало на ниту еден играч на гостински натпревар во Ла Лига уште од Чави Хернандез.

Легендарниот играч за врска на Барселона направи 148 додавања во 2012 во истиот град како и Артур, само што тогаш Барселона играше против Леванте.

https://www.youtube.com/watch?v=xKjPn1AbiOw

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…