Дома Трансфер зона Барса во епизода – Како да ги потроши сите пари од Нејмар за една зима

Барса во епизода – Како да ги потроши сите пари од Нејмар за една зима

Според бројни тврдења во последните денови низ медиумите, се поизвесно е дека Каталонците оваа зина ќе тргне во напад на барем тројца играчи.
Прва и најголема желба, и овој пат е Фелипе Кутињо, кој уште еднаш побара од Ливерпул да го пушти на Камп Ноу, а Барса ќе понуди 120. милиони евра плус бонуси.

Втората желба е Џери Мина, бидејќи Хавиер Маскерано најверојатно ќе замине на крајот од јануари кога ќе се врати Умтити, бидејќи даде ветување дека ќе остане до крајот на преодниот рок. Барса за колумбиецот мора да плати 12 милиони.

Третото име е играчот за врска на Гремио, Артур, кој е желба на спортскиот директор Роберт Фернандез. Неговата откупна клазула изнесува 50 милиони евра.
Покрај нив, каталонските медиуми потврдија дека трансферот на Гризман е завршен, но ќе биде реализиран во текот на летото, а Каталонците за него ќе ја платат откупната клозула од 100. милиони евра.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…