Успешното враќање на Жерард Пике на „Камп Ноу“ во 2008 година може да се повтори и на лето 2021 година, пишува каталонски „Спорт“.
Станува збор за дефанзивецот на Манчестер Сити, Ерик Гарсија кој е продукт на школата „Ла Масија“, но пред три години реши да ја напушти Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Спорт“ пренесува дека договорот на 19-годишниот дефанзивец истекува следното лето и би можел да се врати на „Камп Ноу“ како слободен агент.
Пике се врати во матичниот клуб на 21 година, а Гарсија може тоа да го направи на 20 години. Преговорите со неговиот агент се уште не се започнати, бидејќи раководството на Барселона има други приоритети.ж
Меѓутоа, трансферот на Гарсија е еден од првите на кои клубот ќе работи по завршување на летниот трансфер период. Станува збор за исклучително талентиран дефанзивец на кого ми се предвидува блескава иднина.
? #PortadaSPORT ?
— Diario SPORT (@sport) June 3, 2020
? Atentos al nuevo Piqué pic.twitter.com/TMtBKBAZZx