Енис Барди ќе ја презема капитенската лента против Италја по заминувањето на Стефан Ристовски.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Барди кој претходно беше заменик капитен не го крие задволството што ќе биде предводник на репрезентацијата.
„Ова е голема чест за мене да бидам капитен на Македонија. Репрезентацијата има многу лидери кои заслужуваат ваква улога. Ова е нов предизвик за мене, за сите нас, нов лист и спремни сме, но мора да сме сто отсто концентрирани зашто поинаку вакви ривали како Италија не може да добиеш “, изјави Барди.
„Во денешниот фудбал ако не си дисциплиниран, тешко е да дојдеш до позитивен резултат. Ние секогаш тоа го зборуваме, иако нема многу време во краткиот период на подготовки, но сега разговаравме многу повеќе од досега, дека ако сме тим и дисциплинирани, ако си помагаме еден на друг на теренот, ако имаме заедништво, само така можеме до успеси“, додаде капитенот.