Заедно со селекторот Игор Ангеловски денес на прес-конференцијата пред натпреварот присуствуваше и Енис Барди.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Барди истакна дека утре од голема важност ќе биде да постигнеме брз гол.
“Клучно ќе биде да влеземе сериозно. Атмосферата секогаш е на највисоко ниво и тоа се гледа, уживаме секогаш кога сме во репрезентацијата. Секогаш е тешко кога една екипа се брани, тешко се наоѓа простор кога се бранат со 11 играчи, но верувам дека имаме квалитет да ги пробиеме. Многу важно и добро за нас ќе биде ако постигнеме брз гол“, истакна Барди.
Натпреварот е закажан за во утре во 20:45 часот.
Фото: ФФМ