Македонскиот репрезентативец, Енис Барди влезе во историјата на Леванте како четврти фдбалер со најмногу настапи за шпанскиот клуб. Натпреварот против Атлетик Билбао за Барди беше 126. во најсилното шпанско првенство.
Во редовите на шпанскиот тим Барди дојде од Ујпешт за сума од 1.5 милион евра. Барди во Леванте пристигна во 2017 година и од тогаш се промовираше како еден од најдобрите шутери во шпанското првенство.
Lazar KeskinovДерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пред Барди со настапи за Леванте во Ла Лига се Моралес со 223, Роџер има 159 и Хуанфран има 153 настапи.
„Гордост е да се биде дел од историјата на овој клуб. Не е мала работа да бидете во друштво на Педро Лопез, Моралес, Роџер, Хуанфран…На Педро му кажав дека не ни сонував дека ќе дојдам до толку натпревари. Среќен сум во Леванте и ќе направам се за да останеме во лигата, навивачите го заслужуваат тоа“, изјави Барди.