Дома Македонски спорт Барди пишува историја во Леванте: Влезе помеѓу 20-те најголеми фудбалери за овој клуб!

Барди пишува историја во Леванте: Влезе помеѓу 20-те најголеми фудбалери за овој клуб!

Репрезентативецот на Македонија Енис Барди влезе во историјата на Леванте откако со своите 150 настапи за шпанскиот клуб во Ла Лига и Копа Дел Реј стигна помеѓу 20-те најголеми имиња на овој клуб.

Барди за Леванте во Ла Лига има 136 настапи и уште 14 собра во Копа дел Реј со тоа го надмина Рубен Гарсија и легендарниот Антонио Калпе и влезе во топ 30. До к рајот на сезоната има уште 14 настапи, а Барди има прилика да прекокне уште тројца на ова листа (Серхио Постиго 152 натпревари, Хорхе Бари 157 натпревари и Тоњо Гарсија 162 натпревари.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ истакнува дека Барди веќе може да се прогласи за најдобриот странец во историјата на клубот. Во Леванте Барди пристигна во 2017 година, а како што стојат работите се погласни се најавите за негово заминување на крајот на сезоната. Клубот пред неколку дена ја искористи опцијата и автоматски му го продолжи договорот до 2024, меѓутоа само со цел да не си замине бесплатно.

Според најавите во воој момент фаворит за потписот на Барди е Бетис – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…