Дома Фудбал Барди најдобро оценет македонски фудбалер за 2020

Барди најдобро оценет македонски фудбалер за 2020

Eнис Барди според „Софтаскор“ е најдобро оценет македонски фудбалер за 2020 година.

Барди доби оценка од 6.92 со што е најдобро оценет наш фудбалер според статистичките параметри на една од најпознатите страници за фудбалска аналитика и статистика.

Зад себе Барди има солидна година, беше еден од клучните играчи на Леванте, а сите знаеме колкав е неговиот придонес во репрезентацијата на Македонија која на лето ќе игра на Европското првенство.

Од останатите земји, Бруно Фернандеш е најдобар португалски фудбалер, Де Брујн е најдобар во Белгија, Микхтаријан во Ерменија, Кимих во Германија, Мбапе кај Французите, Алесандро Дијаманти помеѓу Италијанците…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аќимовиќ за најтешките денови: Зад десетката на Звезда стои болно детство

Во документарецот на Црвена звезда, Јован Куле Аќимовиќ зборува за загубата на мајка си на…