Македонија утре го игра натпреварот против Ерменија кој ќе биде претпоследен во квалификациите за Светското првенство.
Пред утрешниот натпревар зборуваше еден од нашите најважни играчи, Енис Барди.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ние како и секогаш ќе се сконцентрираме на нашата игра. Секоја екипа има своја игра, најважно е ние да го спроведеме ние тоа што сме го замислиле. Овој натпревар е важен и за нив и за нив. Затоа треба да истрчаме на теренот заедно како никогаш до сега“, истакна Барди.
Со доаѓањето на Милевски во селекцијата се појавија и неколку нови имиња, но како што изјави Барди во најголем дел тие се истите репрезентативци.
„Нормално дека ни треба повеќе време да се вклопиме, но мислам дека тоа не беше проблем за нас. Неколку играчи се нови, меѓутоа во најголем дел тука сме долго време. Свесни сме што не чека во овие натпревари и најважно е да дадеме се од себе“.
На претходното гостување во Ереван Македонија беше декласирана со убедливи 4:0.
„Тој натпревар што го одигравме тука, треба да го заборавиме. Утре треба да влеземе максимално спремни, секако мора да биде тука мотивацијата која можеби е и најважна“, порача Барди.
Фото: ФФМ