Дома Македонски спорт Мак фудбал Барди и донесе реми на Македонија со Финска

Барди и донесе реми на Македонија со Финска

Репрезентацијата на Македонија денес ремизираше 1:1 со Финска во првиот од двете контролни средби во овој циклус.

Ако навикнавме репрезентацијата секогаш да има сериозна поддршка од трибините во последните години (со исклучок на периодот во короната) денес имаше мал број гледачи, веројатно не повеќе од 1000.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот започна со мирна игра, без шанси, се играше на средината на теренот, а првата поголема прилика ја имаше нашата репрезентација во 15. минута од натпреварот. Финска набрзо се закани со глава и тоа воедно беа и најголемите прилики да видиме погодок во првиот половина час.

Без некоја посебна игра Финска успеа да стигне до водство после грешка на Стефан Спировски на средината на теренот. Контрата знаеше да ја искористи Оливер Атман кој излезе сам пред Столе Димитревски и успеа да погоди.

Веднаш по голот на Финска, ние се заканивме преку Илија Несторовски, но финскиот голман Јоронен беше на висина на задачата. Несторовски се закани и во самиот финиш од првиот дел, меѓутоа повторно противничкиот голман беше поуспешен.

Македонија продолжи да има иницијатива и во вториот дел, Финска како и во првите 45 минути заканите ги имаше преку контранапади. Несторовски уште еднаш влезе во шанса, меѓутоа беше изблокиран.

Теренската иницијатива конечно ја искористивме на 15 минути до крајот. Алиоски беше соборен во шеснаесетникот, а главниот судија на мечот сосема оправдано покажа на белата точка. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Енис Барди.

Финска притисна во последните минути од натпреварот, а по еден преки нан пет минтуи пред истекот на регуларните 90 дефанзивецот Диого Томос со глава ја погоди стативата. До крајот мрежите мируваа и резултатот не се промени.

Следниот натпревар Македонија го игра в недела против Азербејџан исто така во Скопје во терминот од 14:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …