Дома Македонски спорт Барди за златната У21 генерација: Сите коцки се поклопија, Европското првенство беше клучно што сум сега во Леванте

Барди за златната У21 генерација: Сите коцки се поклопија, Европското првенство беше клучно што сум сега во Леванте

Енис Барди вчера разговараше со Илија Несторовски во живо на неговиот Инстаграм профил и во таа прилика тема беше и генерацијата на Барди која успеа да игра на ЕП до 21 година.

Таа генерација на Македонија до 21 година беше навистина силна, а доказ за тоа е и што веќе неколку членови на таа генерација денес се стандардни на собирите на А репрезентацијата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барди смета дека таа година сите коцки се поклопија и истакна дека тоа ЕП е од голема важност во неговата кариера.

“Секогаш ни фалеше еден чекор, на сите претходно. Сите беа добри генерации. Потребен ни беше тој еден чекор и таа година кога се пласиравме коцките се поклопија сите коцки. Одигравме нерешено со Франција на гости, ја победивме Северна Ирска дома…На крај Украина го победи Исланд и ние се пласиравме. Замисли, таму оди само првата репрезентација колку беше тоа тешко. Ова европско веројатно беше и клучно што сум денес тука во Леванте“, смета Барди

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…