Македонскиот репрезентативец Енис Барди игра одлично во Леванте и го привлече вниманието на многу клубови.
Барди на лето сигурно ќе го напушти Леванте, а шпанските медиуми пренесуваат дека е најблиску до трансфер во Бетис.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бетис е сериозно заинтересиран за македонскиот репрезентативец и е во напредни преговори со неговиот агент.
Барди во јануари остана во Леванте за да му помогне на тимот да избегне испаѓање во втора лига, но веќе го известил претседателот на клубот дека сака трансфер.
За Барди има интерес и од Реал Сосиедад, Селта и Торино, но наводно тој е најблиску до трансфер во Бетис.