Дома Македонски спорт Барди во „Нестор ТВ“: Натпреварот против Барса, Роналдо или Меси, би играл ли во Серија А, европското до 21 година…

Барди во „Нестор ТВ“: Натпреварот против Барса, Роналдо или Меси, би играл ли во Серија А, европското до 21 година…

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски продолжи со својот серијал „Нестор ТВ“ во кој „гости“ му се соиграчите од репрезентацијата и Удинезе. Денес тој разговараше со Енис Барди.

Барди и Несторовски имаа навистина интересен разговор и ви пренесуваме дел од истиот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За ситуацијата со коронавирусот…

БАРДИ: Шпанија и Италија според мене се најпогодени затоа што се ист менталитет. Луѓето и тука и таму се во смисла ,„ајде не е ништо, мене ли ќе ме фати“…Сега работите се подобруваат, но мора да внимаваме.

НЕСТОР: Корона засега е најголем противник, не само на фудбалот, туку воопшто во се и сигурно ќе остави последици во наредните 3-4 месеци (откако ќе почне да се игра) ако не и повеќе.

НЕСТОР: Од каде тој удар на 25-30 метри како пенал?

БАРДИ: Од мал тренирав многу. После секој тренинг, секој ден останував да шутирам и да вежбам слободни удари. На почетокот важно ми беше само да шутирам да добијам на сила,

Тука Нестор додаде:

Знам кога игравме на градски фаул скоро на 45 метри. Сите мислевме да нафрлуваме, нешто акција…И кога со Гоче го слушаме селектор вика: Барди – шут на гол!

НЕСТОР: Каков е чуството да дадеш два гола на Барса?

БАРДИ: Тоа беше еден од најдобрите натпревари во кариерата. Кога заврши натпреварот не можев да поверувам што направив, дури утре сфатив што всушност се случило.

НЕСТОР: За пласманот на Европско првенство до 21 година?

БАРДИ: Секогаш ни фалеше еден чекор, на сите претходно. Сите беа добри генерации. Потребен ни беше тој еден чекор и таа година кога се пласиравме коцките се поклопија сите коцки. Одигравме нерешено со Франција на гости, ја победивме Северна Ирска дома…На крај Украина го победи Исланд и ние се пласиравме. Замисли, таму оди само првата репрезентација колку беше тоа тешко. Ова европско веројатно беше и клучно што сум денес тука во Леванте.

За Дарко Чурлинов?

Тој е фантастичен играч, работи многу. Со еден збор – машина!

Најдобар играч против кој си играл?

Против Роналдо бев на клупа, не играв и не ми беше нешто „вау“, можеби и не му беше денот не знам, но Меси…Ти знаеш дека секогаш оди лево и не можеш ништо да направиш или ќе го фаулираш или ќе го оставиш да те помине. Тоа е нешто неверојатно.

НЕСТОР: Барди би сакал ли да играш во Серија А?

БАРДИ: Да. Верувам дека ќе ми биде интересно, мислам дека ќе се снајдам. Таму се игра многу тактички. Сепак, во животот е најважно да уживаш со тоа што го имаш, другото само ќе дојде.

За Елмас…

БАРДИ:: Елиф е млад топ играч и треба да се сконцентрира. Треба да знае дека вреди многу и да оди чекор по чекор.

Тука Нестор го прекина и раскажа една анегдота која ја покажува самодовербата на Елмас.

НЕСТОР: Седиме со Елмас и знае што ми вика: Бато знаеш дека јас за 3-4 години ќе ја освојам Златната топка. Значи замисли колкава самодоверба има тој.

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова настапува за женскиот тим на Леванте

На тренинзите не се гледаме, затоа што не тренираме на исти места, но со Наташа се знаеме и се дружиме колку што можеме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реал го смени планот за Алфонсо Дејвис

Реал Мадрид ги прекинал преговорите со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој и…