Дома Фудбал Барди во друштво на Роналдињо и Меси, но и е поефикасен од нив!

Барди во друштво на Роналдињо и Меси, но и е поефикасен од нив!

Eнис Барди е одличен оваа сезона во Примера, посебно кога во прашање се слободните удари.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За Барди ова беше петти гол оваа сезона во Примера, повеќе од него има само Лионел Меси, но и од многу повеќе обиди. Македонскиот интернационалец со oвој гол го запиша и своето име во историјата на Ла Лига.

Имено во последните 18 години покрај Барди само уште четворица фудбалери успеале да постигнат пет или повеќе погодоци во една сезона.

Тоа му успеа на Асунсао во сезоната 2004/2005 кога постигна пет гола од 49 обиди, Перниа (5/24) во 2005/2006, Роналдињо (6/49) и Лионел Меси (6/49) оваа сезона.

Но треба да се истакне дека Барди има најдобар процент бидејќи тој оваа сезона постигна пет гола, но од само 16 обиди!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како група момци од 200 милиони евра направија потрес во Серија А

Клубот Комо е основан на 25 мај 1907 година, а 117 години подоцна, на 24 мај 2026, го пост…