Италијанскиот напаѓач Марио Балотели остана без клуб откако го раскина договорот со Бреша.
Балотели продолжи со скандалите и во Бреша, а во овој клуб тоа не сакаа да го трпат. Клубот на крајот на минатата сезона одлучи да заврши со него и го раскина договорот со италијанскиот напаѓач.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако се очекуваше „Супер Марио“ брзо да пронајде нов ангажман тоа не се случи. Јасно е дека клубовите се свесни дека со него доаѓа и голем ризик, па Балотели немаше премногу понуди.
Италијанските медиуми сега објавија дека Балотели веќе некое време тренира со клуб од Серија Д, четвртиот ранг на италијанскито фудбал. На тој начин Балотели сака да остане во форма додека не пронајде нов ангажман.
Станува збор за екипата на Франчиакорте, причината поради која Балотели ја одржува формата со овој клуб е што е пријател со директорот на клубот.