Дома Фудбал Балотели: Италијанските медиуми се ѓубре

Балотели: Италијанските медиуми се ѓубре

baloteli

Италијанскиот напаѓач, Марио Балотели демантира дека е уапсен поради прекумерна брзина на возилото.

Контроверзниот напаѓач на Ница, повторно е во центарот на вниманието поради своите лудории надвор од теренот. Како што се наведува, поради пребрзо возење бил повторно уапсен, но тој тоа брзо го демантираше.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не знам зошто, но некои љубоморни луѓе објавија дека сум возел 200 на час и дека сум приведен. Тоа не е вистина. Беше тоа рутинска проверка, возев нормално. Италијанските медиуми секогаш биле ѓубре, ништо не проверуваат, затоа и сум среќен во Франција. Во Италија никогаш работите нема да се променат“, истакна лутиот Балотели кој со Ница во плеј-офот од ЛШ ќе игра против Наполи.

„Го сакам Наполи и секогаш ми е жал кога морам да играм против нив, но сега ќе се потрудам да ги растажам“, додаде Балотели, кој во Италија настапуваше за Интер и Милан, а ова му е втора сезона во Ница, со која сензационано изминатата сезона избори пласман во квалификациите за ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…