Марио Балотели пред неколку дена дебитираше за Монца и после пет минути успеа да го постигне дебитантскиот гол.
„Супер Марио“ не играше повеќе од половина година, а без клуб беше неколку месеци откако ја напушти Бреша. Преговараше Балотели со неколку клуба, се споменуваше трансфер во Бразил, но тогаш дојде понудата од Монца која Балотели ја прифати.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во Монца овој контроверзен напаѓач ќе се обиде да ја оживее кариерата. Многумина веруваат дека Балотели ќе направеше многу повеќе во кариерата ако повеќе беше посветен на фудбалот, а помалку на скандалите кои го следеа каде и да оди.
Шпанските медиуми сега потсетија дека Балотели во 2006 година бил на проба во Барселона и поминал неколку дена во „Ла Масија“. Информацијата за тоа дека Балотели бил на проба во Барса ја потврди неговиот брат Џовани и поранешниот управник на „Ла Масија“ Хозе Рамол Алексанко кој откри што се случувало во таа 2006.
Балотели играл одлично во дресот на италијанскиот третолигаш Лумезане и тогаш сакал да се проба во некој поголем клуб. Добил повик да оди на проба во Барселона и таа понуда нормално ја прифатил.
Во еден натпревар постигнал пет голови и ги воодушевил скаутите на Барселона. Меѓутоа „Супер Марио“ уште тогаш го покажувал неговиот пргав и проблематичен карактер иако имал само 16 години. Во Барселона на крајот се решиле да не го задржат затоа што не сакале да доведат играч кој може да прави проблеми во соблекувалната.
„Беше одличен, одигра фантастично, постигна пет гола и имаше играчки квалитети да го задржиме. Сепак, воедно тука беше и неговиот специфичен карактер, во игра и тогаш беа фудбалските менаџери па се доведе до тоа да се откажеме од него“, изјави Алексанко.
После таквата ситуација семејството на Балотели ја обвинило Барселона дека не му дале договор само затоа што не е Шпанец. Сепак, од денешна преспектива може да се каже дека во Барселона не погрешиле.