Дома Фудбал Останато Балотели во свој стил го прокоментира последниот рекорд на Роналдо

Балотели во свој стил го прокоментира последниот рекорд на Роналдо

Tимот на Јувентус во саботата со победата против Фиорентина ја обезбеди осмата титула шампион на Италија и така ја продолжи неверојатната доминација на Апенините.

Пред почетокот на оваа сезона се очекуваше ситуацијата да биде променета и да гледаме поголема борба на Јувентус со миланските клубови, Наполи и Рома, но клубот од Торино одново лесно стигна до новата титула, ова за „старата дама“ беше осмо Скудето во низа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За Кристиано Роналдо кој во Јувентус пристигна минатото лето ова беше прво Скудето во кариерата.

Роналдо така со освојувањето на италијанското првенство стана првиот фудбалер кој успеал да освои титули во првенствата Англија, Шпанија и Италија. Со Јунајтед освои три титули во Премиер лигата, додека Реал Мадрид две во Ла Лига.

Откако беше објавено дека Роналдо е првиот фудбалер кој успеал да освои титули првенствени титули во три титули се огласи Марио Балотели. Контроверзниот „Супер Марио“ во свој стил го прокоментира достигнувањето на еден од најдобрите играчи во светот.

„Кристиано стана првиот фудбалер кој ги освои овие три титули само затоа што јас никогаш не играв во Шпанија“, изјави Балотели.

Балотели денес го носи дресот на француски Марсеј, а во кариерата освојуваше титули во Италија со Интер и во Англија со Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…