Дома Фудбал Останато Балотели брутално искрен: Зошто отидовте во Саудиска Арабија ако не поради парите?

Балотели брутално искрен: Зошто отидовте во Саудиска Арабија ако не поради парите?

Контроверзниот италијански фудбалер, Марио Балотели зборуваше за фудбалерите кои ова лето се преселија во Саудиска Арабија.

Балотели не верува во изјавите на дел од фудбалерите кои тврдеа дека во Саудиска Арабија не се само поради пари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ги слушам фудбалеритек ои зборуваат дека не отишле во Саудиска Арабија поради пари. Не знам како можат да изговорат такво нешто. Па зошто отидовте таму ако не поради пари? Не верувам дека ќе одеа во Азија, ако во Европа имаа иста плата“, изјави Балотели.

Ја коментираше Балотели и изјавата на Роналдо дека лигата во Саудиска Арабија наскоро ќе стане една од најдобрите во светот.

„Кристијано е голем играч и го почитувам неговото мислење, но не мислам така. Голем број одлични играчи одат во Саудиска Арабија како што пред неколку години одеа во Кина, а таа кинеска лига никогаш не стана квалитетна како европските. Во тој период имав и јас понуда од Кина, но сакав да останам во Европа“, истакна Балотели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи го избрал наследникот на Покетино?

Oд редовите на Челзи испратиле богата понуда до Антонио Конте со цел да го преземе тимот и…