Дома Фудбал Останато Балак, Дел Пиеро, Буфон, Евра, Робен…Ова се играчите со најмногу изгубени финалиња

Балак, Дел Пиеро, Буфон, Евра, Робен…Ова се играчите со најмногу изгубени финалиња

Легендарниот Паоло Малдини во својата кариера освои 25 титули, од тоа седум беа во домашното првенство, пет во Лигата на шампионите, но во разговор со Виери на Инстаграм пред некој ден призна дека се чувствува како најголем лузер во фудбалот.

„Всушност, јас сум најголемиот лузер во историјата. Освоив многу, но изгубив три финалиња во ЛШ, едно финале во европскиот суперкуп, три финалиња во интерконтиненталниот куп, финале на Светското првенство и финале на Европското првенство“, одговори Малдини.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој негов одоговор беше причина „Марка“ да се позанимава на оваа тема и да ги пронајде играчите со најмногу изгубени финалиња. Еве кои се.

ХАВИЕР МАСКЕРАНО

Има повеќе од 20 титули во својата кариера, а изгубил 11 финалиња, едно повеќе од Меси.

ПАТРИС ЕВРА

Освојуваше титули во секој клуб во кој играше, од Јунајтед до Јувентус, вкупно 20. Евра е фудбалер кој изгубил дури четири финалиња во Лигата на шампионите и во тоа е рекордер. Губеше уште неколку финалиња, а посебно се истакнува финалето на Европското првенство против Португалија во 2016.

АРЈЕН РОБЕН

Исто така каде што и да играше оставаше трага, но во кариерата изгуби шест финалиња. Од тоа две во Лигата на шампионите. Се „извади“ во финалето во ЛШ кога за Борусија погоди во 89 минута за титула.

МИХАЕЛ БАЛАК

Во кариерата освои 13 титули, а во финалињата губеше дури шест пати.

ХЕКТОР КУПЕР

Купер е единствениот тренер на оваа листа. Изгуби шест финалиња во различни натпреварувања.

ДЕЛ ПИЕРО

Иконата на Јувентус изгуби три финалиња во кариерата.

ЛОТАР МАТЕУС

Матеус може да се пофали ссо 26 трофеи, а пет пати губеше во натпреварите за титула.

ГОНЗАЛО ИГУАИН

Исто така има завиден број на трофеи. Во борбата за трофеј пет пати го завршуваше натпреварот со наведната глава.

ЏАНЛУИЏИ БУФОН

Освои дури 23 титули, но исто така три пати губеше во финалето од Лигата на шампионите и по еднаш во финалето на италијанскио и францускиот куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Левандовски откри кога би можел да замине од Барселона

Искусниот напаѓач, Роберт Левандовски се поврзуваше со заминување од Барселона, но како шт…